Два заталкани куршуми вчера завршиле во два објекти на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“, едниот во ѕид, а другиот во балкон од семеен дом.
– На 12.08.2026 во 13:51 часот во СВР Куманово, Н.Љ. од Куманово пријавил дека на улица „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Куманово пронашол зрно од огнено оружје во ѕид од објект, информираат од Секторот за внатрешни работи.
За време на вршење на увид, Д.К. од истата улица пријавила во истото време на настрешницата од нејзин балкон паднало зрно од огнено оружје и предизвикало оштетување.
– Двете зрна се пронајдени и подигнати за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од СВР Куманово, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

