Авантура долга 3.500 километри: Лисица се прошета од Норвешка до Канада

Сподели со своите пријатели

Научниците од норвешкиот Поларен институт во март минатата година на млада женка лисица и ставиле GPS трагач и ја пуштиле во дивината на источниот бред на Спитсберген, главниот остров на архипелагот Свалбард.

Loading...

Лисицата немала ни година дена кога тргнала на запад во потрага за храна, доаѓајќи до Гренланд 21 децн подоцна и притоа минувајќи 1.512 километри. Како и вистински авантурист не застанала туку продолжила понатаму.

Пронајден нов животински вид: Половина мачка, половина лисица (ВИДЕО)

На крајот ја лоцирале на кандскиот остров Елсмир, 2.000 километри подалеку, само 76 дена откако го напуштила Свалбард.

Она што најмногу ги изненадило истражувачите не била далечината, туку брзината со која лисицата ја минала – просечно 46 километри на ден, а понекогаш и 155 километри.

Црногорците уловиле „ѕвер“ кој личи на ајкула, а всушност е заштитен вид (ВИДЕО)

– Не можевме да им веруваме на своите очи. Мислевме дека можеби е мртва или дека е на некој брод, но немаше никакви бродови во близина. Бевме без зборови, рекла Ева Фуглеи од Поларниот институт за норвешкиот јавен сервис NRK.

Никогаш во историјата, како што велат тие, не бил забележан ваков случај.

Loading...

Image by robynm from Pixabay

Leave a Reply