По хуманитарните стапки на останатите трга и авторката на романот „Анастасија“, Стефанија Ацевска која на уакција со почетна цена од 100 денари го продава романот, а собраните парични средства ќе бида туплатени на сметката на мајката на Александар и Мартина за чија операција се потребни 100 илјади евра.
Со кликнување на следниот линк можете да дознаете повеќе информации за тоа како да ја набавите книгата и да донирате за семејството.
Не донирам за публицитет туку донирам бидејќи често пати се сеќавам на моментите кога и мене ми беше потребна помош. Донирам за да бидам капка од морето кое ќе ја убеди младата мајка дека има надеж и дека постои човечност. За читателите од Скопје, Прилеп и Битола можеме да се договориме и лично да ви ги доставам, а за читателите од останатите градови ќе ви ги испратам по пошта – вели Стефанија Ацевска.