Две лица, од кои едно малолетно, се повредени откако „ауди“ вчера излетало од автопатот Скопје – Куманово.
Loading...
– На 28.07.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Куманово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(49) од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што појаснуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Никола Ивановски