Аргентинскиот претседател ќе забрани операција за промена на полот за малолетници

Сподели со своите пријатели

Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли одлучи да ги забрани третманите за промена на полот и операциите за малолетници, како и да воведе ограничувања за сместување на транс жени во женски затвори, објави претседателскиот кабинет.

Loading...

Мајли ќе издаде декрет затворениците да бидат сместени според полот регистриран во моментот на злосторството, се вели во соопштението на канцеларијата, пренесе Ројтерс.

Во соопштението се додава дека без разлика на тоа, ниту една транс жена нема да биде сместена во женски затвор доколку е осудена за сексуални злосторства, трговија со луѓе или насилни злосторства врз жени, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Службен автомобил на јапонскиот премиер удрил во полициско возило