Апсолвентката што го фрли бебето во канта на Табановце ќе се брани од слобода
On:
Сподели со своите пријатели
Тамара И. (23), апсолвентка на Економскиот факултет од Скопје ќе се брани од слобода за тоа што го сторила во март годинава, кога родила женско бебе во службениот тоалет на граничниот премин Табановце и го фрлила во кантата. Таа потоа, како ништо да не се случило, ја продолжила апсолвентската екскурзија во Прага, пишува порталот МКД.мк.
Тамара е осомничена за кривично дело убиство на дете при пораѓање за што е предвидена казна затвор од три месеци до три години.
Истрагата покажала дека Тамара се пожалила на болки во стомакот, по што заедно со една другарка успеале да влезат во службениот дел за цариниците на Табановце. Тамара се породила во тоалетот, го фрлила бебето во кантата за ѓубре, го покрила со тоалетна хартија и се вратила во автобусот. Мртвото бебе било пронајдено утредента од чистачката. Тамара тогаш веќе била во Прага.
Од безбедносните камери полициските инспектори лесно детектирале која девојка влегла во службениот тоалет и од организаторот на екскурзијата побарале во Прага да се изврши гинеколошки преглед за Тамара. Таа кога се вратила од апсолвентската екскурзија во Чешка, била приведена, а потоа и пуштена да се брани од слобода.
Интересно е тоа што за бременоста на девојката не знаел никој, ни нејзиното момче, ниту пак нејзините родители и другарки.