Апсења во Германија како дел од истрагата против италијанската мафија

Сподели со своите пријатели

Германската полиција уапсила десетици луѓе низ целата земја, како дел од истрагата против италијанската мафија „Ндрангета“, соопшти германското обвинителство и полицијата.

Loading...

Полицијата уапси четири лица во Баварија, 15 во Северна Рајна-Вестфалија и десет во Рајнланд-Пфалц.

Запленети се значителни докази од десетици локации, вклучително и домови и канцеларии.

Осомничените се товарат за перење пари, даночно затајување, проневера и шверц на дрога, се вели во соопштението на повеќе обвинителства.

Акцијата е спроведена како дел од заедничката истрага на полициите на Германија, Белгија, Франција, Италија, Португалија и Шпанија, како и Европол и Европравда.