АПМ со апел до партиите: Не го користете Куманово за политички цели

Сподели со своите пријатели

Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, изразува длабоко сочуство до семејствата на загинатите полицајци и цивили.

Loading...

АПМ повикува на воздржаност на сите граѓани на нашата држава.

Кумановската полициска операција ја претвори политичката криза во Македонија, во безбедносна криза. ГО на АПМ смета дека е потребна итна интервенција на ЕУ и САД за да не дојде до понатамошна дестабилизација на нашата држава! ГО на АПМ повикува политичките партии и други субјекти да се воздржат од злоупотреба на кумановските настани за дневно политички потреби.

Од друга страна очекува на денешниот Совет за безбедност да се анализираат сериозните пропустии на безбедносните структури на Република Македонија кои доведоа до големи загуби , 8 загинати и близу 50 ранети припадници на полициските сили, се вели во соопштението на АПМ.

 

Leave a Reply