Апелација потврди: Осум години затвор за напаѓачот на дедо Љубе

Сподели со своите пријатели

Осум години е вкупното време кое напаѓачот на дедо Љубе од с. Којково ќе мора да го помине во затвор, откако вчера Апелациониот Суд во Скопје ја потврди пресудата изречена во Основен Суд Куманово.

Loading...

Обвинетиот Борче Иванов, еден од двајцата напаѓачи кои извршија вооружено разбојништво куќата на дедо Љубе, првично ја обжали пресудата, но на второто рочиште, Апелација само ја потврди пресудата, наведувајќи дека Иванов е виновен за кривичното дело за кое се терети.

Имено, Борче Иванов, кој пред судот се бранеше дека само му правел друштво на сега веќе убиениот Зоран Златанов, навел дека тој не го врзувал дедо Љубе и не ги измачувал него и неговата сопруга, туку се нашол таму само во улога на другар на Златанов кој наводно заминал во с. Којково да ги побара парите за пушката кој наводно му ја продал на дедо Љубе. .

Во меѓувреме, тече рокот за повторно судско рочиште во Основен Суд Куманово, откако одбраната на дедо Љубе побара обнонување на истражната постапка со цел детално да се истражи што всушност се случило кобната вечер, кога во куќата во с. Којково, двајца вооружени разбојници го нападнаа семејството во обид да се стекнат со материјална корист.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *