Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ и годинава со повеќе активности ќе го одбележи Светскиот ден на Ромите, 08 април.
– Под покровителство на Министерството за култура и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, оваа година ќе имаме повеќе активности. На 6ти и 7ми ќе имаме турнир во мал фудбал, веќе 20 години традиционален, истакна Самет Салиевски од ансамблот „Рушит Шакир“.
Централната прослава е в петок со почеток во 18 во ресторан Грација, а во понеделник во 13 часот ќе биде одржана трибина насловена „Јас сум Ром“.
На трибината ќе биде издадена и брошура, потенцира Салиевски, со презентација на сработеното во изминатите 20 години.
– Сакам да пренесам една порака, да ги сакаат Ромите и да ги чувствуваат како свои луѓе, додава Салиевски.
Никола Ивановски