Српскиот интернационалец Андрија Марјановиќ се враќа во редовите на Куманово.
Loading...
Дваесет и четиригодишниот Марјановиќ во Куманово дојде во март минатата година, по што својата кариера потоа ја продолжи во шпанскиот Бургос.
Марјановиќ игра на бековската и крилната позиција. Својата кариера ја започнал во Барселона во 2016 година, а има играно и во Мега Бемакс, Беовук, Слобода Ужице и Златибор.
Освен со Марјановиќ, клубот неодамна се засили и со искусниот Канаѓанец Рајан Рајт.
Никола Ивановски
ПРОЧИТАЈТЕ И: Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)