Андрејевиќ се враќа во редовите на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Спрскиот интернационалец Александар Андрејевиќ потпиша нов договор со Кошаркарскиот клуб Куманово за кој настапуваше во 2015 година.

Loading...

Информацијата за Кумановски Муабети ја потрврдија и од управата на клубот.

Дваесет и деветгодишниот центар има играно за повеќе македонски клубови во својата кошаркарска кариера, но и во Здравје, Раднички, Спартак, Ибар Рожаје, играше и во составот на АВ Охрид, од каде замина во Леотар и сега повторно ќе го носи дресот на Куманово.

Тој ќе биде одлично дополнување на веќе засилениот состав со двајцата американски кошаркари Хулио Гуити и Џош Селби, а од домашната сцена ги избра младинските играчи, кои под водство на новиот тренер Мирковски ќе се обидат да остварат подобар пласман годинава.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply