Анастасија од Куманово ја претставува Македонија на тениски шампионат во Турција

Сподели со своите пријатели

Анастасија Арсовска од Куманово е дел од тимот кој ја претставува Македонија на Развојниот шампионат во тенис за јуниорки до 14 години што се одржува во Анталија, Турција.

Loading...

Изборот во репрезентацијата на јуниорки до 14 години е резултат на покажаните успеси на турнири огранизирани од Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), како и на меѓународни турнири организирани од TENNIS EUROPE.

 

 

Од почетокот на 2024 година Анастасија е победник на турнири организирани од ТФСМ во својата возрасна категорија – јуниорки до 14 години,  како и во повозрасна категорија – јуниорки до 16 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

– Учеството на Развојниот шампионат претставува голем успех и мотивација за уште подобра подготовка за претстојната сезона и настапи на домашни и меѓународни турнири, изјави таа.

 

Loading...

 

Инаку, Арсовска е ученичка од осмо одделение во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“.

Шампионатот на кој учествува е во организација на TENNIS EUROPE и Meѓународната тениска федерација (ITF) и ќе трае од 03 до 14 март.

Никола Ивановски