Анастасија Арсовска од Куманово е државен првак во тенис

Сподели со своите пријатели

Анастасија Арсовска од Куманово е државен првак во тенис во конкуренција на јуниорки до 16 години.

Loading...

По успешниот почеток  на 2024 година како победник на неколку турнири во категорија- јуниорки до 14 години и категорија – јуниорки до 16 години, Анастасија го заокружува својот успех како Државен првак во поединечна конкуренција и Државен првак во двојки до 16 години.

Државното првенство во организација на Македонската тениска федерација се одржа на тениските терени на ТК Поинтер- Скопје во период од 18 до 21.05.2024 година.

– Освојувањето на титулата – Државен првак претставува огромен успех за мене и голем поттик и мотивација за понатамошна напорна работа, изјави Арсовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Инаку, Анастасија е ученичка од осмо одделение во ООУ Кочо Рацин Куманово.

Никола Ивановски