Анастасија Арсовска од Куманово е државен првак во тенис во конкуренција на јуниорки до 16 години.
По успешниот почеток на 2024 година како победник на неколку турнири во категорија- јуниорки до 14 години и категорија – јуниорки до 16 години, Анастасија го заокружува својот успех како Државен првак во поединечна конкуренција и Државен првак во двојки до 16 години.
Државното првенство во организација на Македонската тениска федерација се одржа на тениските терени на ТК Поинтер- Скопје во период од 18 до 21.05.2024 година.
– Освојувањето на титулата – Државен првак претставува огромен успех за мене и голем поттик и мотивација за понатамошна напорна работа, изјави Арсовска.
Инаку, Анастасија е ученичка од осмо одделение во ООУ Кочо Рацин Куманово.
Никола Ивановски