Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска слета во Панама, каде што ќе присуствува на безбедносна конференција во Панама Сити.
Loading...
Посетата на Хегсет, прва официјална откако тој беше на чело на Пентагон, беше организирана во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја објави својата намера да го врати Панамскиот канал под контрола на САД, пренесува Ројтерс.
За време на неговата посета оваа недела, Хегсет ќе се сретне со панамски официјални претставници, како и со министрите за одбрана на другите земји од Централна Америка кои присуствуваат на безбедносна конференција во Панама Сити.