Американски дрон во близина на границите на Русија: Сухој го пресретна „Рипер“

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека авионот Су-30 го придружувал американскиот дрон „Рипер“ кое, како што се наведува, се приближувало до границата на Русија преку Црното Море.

Loading...

„Со цел да се идентификува воздушната цел и да се спречи нарушување на државната граница на Руската Федерација, лансиран е ловецот Су-30“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Се додава дека рускиот екипаж ја идентификувал воздушната цел како беспилотно летало МК-9А Рипер на американските воздухопловни сили.

Се наведува дека американскиот авион откако му се приближил Су-30, направил пресврт и се оддалечил од руската граница.

„Летот на рускиот ловец е извршен во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води со почитување на безбедносните мерки“, истакнаа од руското Министерство за одбрана.