Повлекувањето на американските војници од Авганистан, кое американскиот претседател Доналд Трамп планира да го заврши до Божик, ќе зависи од намалувањето на насилството на теренот и другите услови предвидени со договорот потпишан од САД и талибанците во февруари, соопшти синоќа американската војска..
– Договорот и плановите за повлекување во целина предвидуваат одредени услови, изјави началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили.
Трамп на 7 октомври рече дека би сакал да ги повлече американските трупи од Авганистан до Божик, побрзо отколку што беше предвидено со договорот меѓу САД и Талибанците. Администрацијата на Трамп вети дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до средината на 2021 година.
Сања Костовска