Американскa новинарка: Доналд Трамп ме силуваше во соблекувална на стоковна куќа

Сподели со своите пријатели

Поранешната колумнистка и новинарка Е.Џин Керол тврди дека Доналд Трамп ја силувал во стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите. Во таа прилика таа сведочеше пред судот.

Loading...

Керол го тужеше Трамп минатата година, откако новиот закон во Њујорк овозможи да се започне тужба за сексуални злосторства по истекот на рокот на застареност, пишува CNN.

Поранешната новинарка го тужи Трамп за злоупотреба и клевета, тврдејќи дека тој ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа Бергдорф Гудман во пролетта 1996 година.

Понатаму, Керол тврди дека Трамп ја наклеветил години подоцна кога таа излезе во јавноста со обвинувањата. Трамп постојано ги негираше нејзините обвинувања.

„Тука сум затоа што ме силувал Доналд Трамп, а кога пишував за тоа, тој рече дека тоа не се случило. Лажеше и ми го уништи угледот, а јас сум тука да се обидам да си го вратам животот“, сведочеше Керол на суд, пренесува Си-Ен-Ен.

Рекла и дека Доналд Трамп ја прашал за совет за купување подароци и додала дека воопшто не се плаши од Трамп, кој бил пријателски настроен и многу смешен.

Таа призна дека веројатно цело време флертувала со Трамп, но не мислела дека тоа ќе доведе до нешто интимно.

Во еден момент отишле во одделот за долна облека, каде Трамп ѝ рекол да проба проѕирно сиво боди, на што, како што тврди таа, потоа му рекла дека би било подобро да го проба.

Loading...

„Никогаш не ми падна на памет дека нешто може да се случи. Таа врата од која влегов ме мачи со години. Како само ги поминав размислувајќи“, рече таа.

Потоа опишала како Трамп наводно ја турнал до ѕидот и и покрај нејзиниот отпор, му ги турнал прстите, а потоа и пенисот во неа. Таа рече дека чувствува болка во вагината и во главата.

„Се плашев од Доналд Трамп. Мислев дека ќе ми возврати и се срамев. Мислев дека тоа е моја вина“, рече Керол на суд, додавајќи дека забележала дека „колку повеќе жени се јавуваат да го обвинат, толку подобро му оди на анкетите“.