Американецот Терел Ален го засилува Куманово

Сподели со своите пријатели

Американскиот интернационалец Терел Ален доаѓа во ростерот на Куманово на местото на Душан Јузбашиќ кој си замина.

Loading...

Ален игра на бековската позиција, висок е 190 сантиметри и во Куманово доаѓа по настапот на турскиот второлигаш Фајнал Спор Бурса.

Во просек имал 14.6 поени, 4.8 асистенции и 3.3 скокови.

Американецот се очекува да биде засилување на клубот кое ќе помогне да се подобри скорот на Куманово кој од почетокот на сезоната не е идеален. Сино-белите по пет одиграни кола имаат само една победа.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово