Тајванските власти во петокот ги одржаа првите разговори за царините со американски официјални лица, објави во саботата тајванската влада.
Loading...
Двете страни разменија мислења за меѓусебните царини меѓу Тајван и САД, нетарифните бариери во трговијата и низа други економски и трговски прашања, вклучително и контролата на извозот, се вели во соопштението на тајванската канцеларија за трговски преговори.
Преговорите се водеа преку видео конференција.