Амбасадорот на САД во официјална посета на Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, амбасадорот на САД Џес Бејли и заменик-амбасадорката на Швајцарија Катарина Штокер, денеска свечено ќе ги вклучат првите два система „капка по капка“ на полињата со пченка во село Лопате, Кумановско и во село Чашка, Велешко.

Loading...

Станува збор за проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, со кој ќе биде одбележено проширувањето на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“.

Преку оваа иницијатива годинава ќе бидат донирани 160 системи за наводнување капка по капка.

Амбасадорот на САД, во 9 часот ќе оставари посета на Општина Куманово, а според најавите, ќе се сретне и со претставници на СВР Куманово.

Leave a Reply