Амбасадорот на Иран во ОН: Нема да попуштиме под притисок со сила

Сподели со своите пријатели

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани, на седницата на Советот за безбедност на ОН ги осуди најновите закани кон Иран од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иравани рече дека Иран нема да попушти под притисок со сила, што укажува дека одржлив договор за завршување на војната не може да се постигне преку закани, заплашување и употреба на сила, објави Скај њуз.

Иравани ги повика САД да се воздржат од закани како оние што ги упати денес Трамп.

Трамп во среда објави дека САД „ќе го нападнат Иран многу силно денес“, велејќи дека американските сили веќе извршиле напади и ќе продолжат да напаѓаат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа и САД испратија предупредување до Иран: „Престанете да напаѓате луѓе на наша територија“

Кога новинарите во Овалната соба го прашаа дали ова значи продолжување на бомбардирањето, Трамп ја потврди можноста за понатамошни напади.

Тој рече дека оваа одлука е заснована на инцидентот во кој Иран наводно соборил американски хеликоптер Апачи покрај брегот на Оман со помош на дрон.

Трамп го повтори својот став дека Иран треба да потпише договор што, според него, ќе го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.

Трамп во вторникот изјави дека иранската војска нападнала и соборила хеликоптер „Апачи“ на американската армија во близина на Ормутскиот теснец, по што Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека започнала нови, одмазднички напади врз Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Нетанјаху сигурно погреши во некои работи, нашите интереси не се секогаш усогласени

Како одговор, Иран ја нападна Петтата флота на САД во Бахреин со беспилотни летала, како и американските бази во Кувајт и Јордан, пренесува Танјуг.