Амбасадорот на Хрватска пред заминување оствари посета на Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Република Хрватска, Златко Крамариќ, после четири ипол години професионална дипломатска кариера во Македонија, на заминување од својата функција и истекот на назначениот мандат, денес оствари пријателска посета на Куманово.

Loading...

– Во Куманово имаме доста активна заедница на Хрвати во Македонија која направи многу за мултиетничноста на градот, истакна Крамариќ.

Градоначалникот на Општина Куманово при посетата на Крамариќ истакна дека амбасадорот дал голем допринос за Куманово, остварувајќи тесна соработка со локалната самоуправа преку Здружението на Хрвати во РМ.

– Жал ми е што нашиот пријател на градот мора да замине. Ние сигурно ќе останеме во пријателски односи, истакна Дамјановски.

Во знак на почитување и заминување на Крамариќ, локалната самоуправа на амбасадорот му подари сувенир од кумановското подрачје.