Амбасадорот на Естонија протеран од Русија

Сподели со своите пријатели

Естонскиот амбасадор Маргус Лајдре ќе мора да ја напушти Русија на 7 февруари 2023 година, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи во понеделник, пренесува Спутник.

Loading...

„Естонскиот амбасадор Маргус Лајдре беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија на 23 јануари, каде му беше врачен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија треба да ја напушти Руската Федерација на 7 февруари 2023 година“, соопшти МНР.

Руската страна одлучи да го спушти дипломатскиот претставник во Русија и Естонија на ниво на вршител на должност.

Ова е одговор на радикалното намалување на составот на руската амбасада во Талин, објаснуваат од МНР, нагласувајќи дека целата одговорност за развојот на ситуацијата е целосно на естонската страна.