Амбасадорката на Словенија повикана на разговор во руското МНР

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја покани амбасадорката на Словенија, Дарија Бавдаж-Курет на дискусија во врска со протерувањето на вработената во руската амбасада во Љубљана.

Loading...

„Амбасадорот на Словенија во петокот беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија поради протерувањето на вработен во руската амбасада во Љубљана на 21 март и најавата за одговорот на Москва на тоа“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

Министерството за надворешни работи на Словенија прогласи за персона нон грата вработен во руската амбасада во Љубљана за наводно „вршење активности кои не се во согласност со неговиот дипломатски статус“.

Руското Министерство за надворешни работи тогаш вети дека ќе одговори на потегот.