Алиев: Ерменците можат да се вратат во Карабах, но под еден услов

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев изјави дека земјата има намера да насели околу 140.000 луѓе во Нагорно-Карабах, вклучително и бегалци кои го напуштија регионот по последниот конфликт.

Loading...

Како што нагласи Алиев, во Карабах можат да се вратат и Ерменците, но ќе добијат државјанство на Азербејџан.

„Секој што сака да се врати има право да го стори тоа. Нивниот имот е соодветно заштитен. Сите историски и верски места се под соодветна заштита. За да се вратат, мора да следат одредени правила. Оние кои сакаат да останат мора да поднесат барање за државјанство на Азербејџан – изјави Алиев.

На 19 септември Азербејџан објави почеток на „антитерористичка операција“ во Нагорно Карабах.

Како резултат на борбите, официјален Баку доби целосна контрола над Карабах.

Во овој регион живееле околу 120.000 етнички Ерменци, а за време на конфликтот повеќе од 100.000 ја напуштиле оваа територија.

Претставниците на Ерменија и Азербејџан пред неколку дена усвоија заедничка резолуција во која најавија нормализирање на односите.

„Република Ерменија и Република Азербејџан го делат ставот дека постои историска шанса да се постигне мир во регионот. Двете земји ја потврдуваат својата намера за нормализирање на односите и постигнување мировен договор заснован на почитување на принципите на суверенитет и територијална интегритет“, се вели во заедничката изјава.

Loading...