Младиот тенисер и член на ТК ТУМБА од Куманово Алексеј Стојановски го освои завршниот Мастерс за јуниори до 14 години во организација на македонската тениска федерација, каде се натпреваруваа осумте најдобри играчи.
Loading...
Алексеј заврши прв пред Даријан Пановски од ТК МТП Скопје кој е на 2.место, додека третопласиран е Марин Стефановски од ТК ИТЦМ од Скопје.
Турнирот се одржа во периодот од 26.10 до 28.10.2024 година на терените на ТК МТП во Скопје.
– Како клуб уште еднаш му честитаме на нашиот Алексеј за големиот успех и резултат со желби за уште поголеми резултати во иднина, велат од ТК Тумба.