Алегри на средба со новите сопственици на Рома

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат шпекулациите за тренерското место во Рома. Пауло Фонсека е под притисок откако тимот забележа само една победа на првите три натпревари во Серија „А“, а гласините за можна замена со Масимилијано Алегри датираат од поодамна.

Loading...

Италијанските медиуми открија дека на почетокот на оваа недела Алегри се сретнал со новите сопственици на клубот Дан и Рајан Фридкин, кои сакаат да го привлечат.

Денеска, поранешниот тренер на Милан и Јувентус гледа добро на изгледите да ја предводи Рома отколку на почетокот, кога дозна за интересот на „волците“.

Можно е Алегри да има можност да работи на „Олимпико“ во тандем со Ралф Рангник, кој се поврзува со позицијата спортски директор.

Со Јуве, Алегри освои пет последователни титули во Италија, но доби отказ по крајот на сезоната 2018/19 и оттогаш е во мирување.

Влатче Зорба

Leave a Reply