Албанија ја притиска Грција за признавање на Косово?

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Албанија Димитри Бушати изјави дека Тирана би ја поздравила одлуката на Грција за признавањето на независноста на Косово, наведуваат медиумите од Приштина.

– Грчкото признавање на Косово би било инвестиција во стабилноста на регионот, оценил Бушати.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вели дека Грција не ја признава еднострано прогласената независност на Косово и ставот на Грција по тоа прашање останува непроменет.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Leave a Reply