Албанец со фалсификувани патни исправи приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишниот Д.И. од Република Албанија е привдене во текот на вчерашниот ден при обид да ја напушти земјата со фалсификувана патна исправа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено околу 16:45 часот на Граничниот премин „Табановце“ за излез од Република Македонија се пријавил Д.И. од Албанија при што е утврдено дека неговата патна исправа е фалсификувана со вметрнување на страница.

Лицето е приведено и веднаш предадено на Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.