Во шестата емисија на серијалот ”Алхемија на Балканот – Македонија”, Ал Џезира ја покажува спомен – куќата на најголемата македонска пејачка ѕвезда Тоше Проески. На патот од Прилеп кон Крушево, сопираат кај местото Маркови кули каде наводно бил устоличен средновековниот јунак Крале Марко.
Loading...
Денес таму нема некои видливи обележја, но околу Марковите кули, видливи се сточари со крави и кози и екстремни алпинисти, се вели во шестото издание на документарецот на Ал Џезира.
Во емисијата е прикажан и Музејот на Ататурк во Битола, но и останати обележја на Македонија.