Активен е повикот за предлог културни манифестации за 2025 година (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Се уште е активен јавниот повик на Општина Куманово за предлог проекти за програмата за културни манифестации за претстојната 2025 година.

Како што информираше раководителот на Секторот за култура и спорт Александар Крстевски, јавниот повик  ќе трае до 21 октомври.

– Водени од досегашното исксутво ги охрабруваме сите невладини организации, здруженија, фондации и правни лица кои досега имаа некоја дејност или интерес во дејноста на културата да аплицираат на повикот, да бидат дел со нови идеи и заедно на крајот на целиот повик со нашиот сектор да ги избереме најдобрите настани кои ќе доведат до воздигнување на културните манифестации во нашиот град, изјави Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишен кумановец пријавен за исчезнат

 

 

Сите кои ќе ги исполнат условите, како што изјави Крстевски, ќе бидат во дел на програмата зависност од финансиската конструкција на тековната 2025 година.

– Веќе сами знаете дека голем дел од нашите невладини организации работат на оваа тематика. Исто така би кажал дека и многу правни субјекти кои веќе имаат аплицирано, ако имате проблеми или пропусти во јавниот повик ви стоиме на располагање заедно да ги решиме и да ви помогнеме во подготвување на апликацијата. Јавниот повик се покажа како успешна алатка на транспарентен начин да се одржат настаните кои ги имаме повеќе години, но исто така да се даде и можнсот на нови проекти од креативни и иновативни здруженија, рече раководителот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен 14-годишник од Куманово затекнат при обид за кражба

Ваквата идеја за прибирање на предлог проекти, вели Крстевски, се покажа како алатка за поголема транспарентност, но и зближување со сите организации и давање шанса на младите и нивните идеи.

Критериумите, потребната документација и рокот и начинот на доставување на барањата ќе бидат детално објавени во самиот јавен повик, достапен на општинскиот веб сајт.

Никола Ивановски