Актерот Тони Михајловски е новиот уметнички директор на МНТ

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Актерот Тони Михајловски од денеска е назначен за нов уметнички директор на Македонскиот народен театар. Тој доаѓа на оваа функција на местото на Дејан Пројковски, кој од пред еден месец стана директор на најголемата национална театарска институција во Македонија.

Оваа е прва ваква висока раководна функција на Михајловски од неговото вработување во МНТ, во 1994 година.

Тони Михајловски, инаку меѓу кумановчани познат како Шанац е по потекло од Куманово.