Актерите од Театар Куманово се дружеа со основците од селото Орашац (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерите од Театар Куманово денеска оддржаа едукативен час со учениците од подрачното училиште во селото Орашац кое спаѓа под училиштето „Кочо Рацин“ од Куманово.

Loading...

 

 

Актерите од Театар Куманово, Сања Русеска, Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ зборуваа и им објаснуваа на учениците кое е значењето на театарот, како се подготвува една театарска претстава, кои лица учествуваат во подготовките на истата и слично.

 

 

Loading...

Им покажаа дел од реквизитата со која играат и дел од костимите кои се користат во претставите.

 

 

Актерите заедно со учениците изведоа и неколку интересни театарски вежби преку кои на децата им ги приближија активностите кои тие ги имаат пред почетокот на секоја тетарска претстава и подготовките за истата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

– На заминување ги поканивме учениците да дојдат во Центар за култура и Театар Куманово и да одгледат една театарска претстава каде сето онаа што им го објаснуваа актерите ќе го видат преку претстава, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

Loading...

 

Театар Куманово, додава тој, и понатаму ќе продолжи со вакви едукативни гостувања по околните подрачни училишта во градот.

 

Никола Ивановски