Ако ги воведете овие пет навики, може да ослабнете и без диета

Сподели со своите пријатели

Можеби звучи невозможно за некого, но американскиот лекар Мајкл Грегер, автор на бројни книги за здравје и исхрана, тврди дека е лесно да се губи телесната тежина без диета.

Loading...

Според него доволно е да воведете некои навики на масата, а потоа нема потреба да ги броите калориите и да гладувате.

Во својата книга од скоро 600 страници „Како да не се биде на диета“, тој открива пет навики што треба да се стекнат на секој оброк за да изгуби тежина и да останате во форма.

Пијте течност

Водата природно го забрзува вашиот метаболизам, па ако пиете голема чаша вода четири пати на ден, тоа ќе избрише околу сто калории. Уште покорисно е ако водата е ладна – така што телото ќе треба да согори повеќе калории за да ја донесе течноста на телесната температура. Покрај тоа, чаша вода пред оброк ќе ви го наполни стомакот и затоа ќе јадете помалку во текот на оброкот.

Внимателно бирајте го предјадењето

Можеби не обрнувате внимание, но вашите први грицки можат да го поправат или уништат оброкот. До 300 калории може да одземете со добро предјадење од главното јадење, а тоа по правило е покалорично – вели Грегор.

За време на една студија, научниците на група на луѓе им служеле чинија со тестенини кои содржат приближно 900 калории. Еден дел од групата добивал салата за предјадење и луѓето автоматски јаделе помалку тестенини, заштедувајќи околу 200 калории.

Loading...

Тој дел од групата што јадел големо јаболко заштедил 300 калории.

Оцет

Јаболковиот оцет има големо влијание врз слабеењето.

– Во принцип, киселата храна го стабилизира шеќерот во крвта и го забрзува метаболизмот, што е вашата цел ако сакате да намалите тежина. Но, не пијте чист оцет, додајте го во салати или разредете го со вода – вели Грегор.

Фокусирајте се на храната

Оставете го телефонот и не гледајте телевизор додека јадете. Фокусот заминува од храна поради технологијата, што несвесно ве тера да јадете повеќе. Студијата открила дека мажот и жената што јаделе додека гледале телевизија јаделе најмалку едно парче пица повеќе од оние што не го правеле тоа.

Една група луѓе јаделе 77 проценти повеќе сладолед и слатки додека слушале радио отколку оние кои јаделе во тишина.

Јадете полека

Loading...

– Сите се зафатени, но можете да одвоите дваесет минути за да ручате. Овие дваесет минути мир дозволуваат да се развијат вашите природни сигнали на ситост, чувство на исполнетост на умот и телото – советува д-р Грегер.

Leave a Reply