Во конкуренција на шестотитина уметници од целиот свет, академскиот сликар од Куманово, Синиша Кашавелски, е добитник на златен медал во категорија сликарство.
Златниот медал беше доделен на годишната изложба “Salon des Beaux Arts” во организација на Националното здружение на ликовни уметници на Франција.

Изложбата има долгогодишна традиција, вели Кашавелски, и се одржува во престижниот Музеј Лувр во Париз и тоа од подоцнежните години на 19 -тиот век.
Годинешниот Салон на убавите уметности се одржа во суператрактивниот изложбен дел, т.е под Стаклената пирамида во Лувр, и тоа од 17 до 20 декември. Ова година учестуваа околу 600 – тини уметници од целиот свет во секции сликарство, скулптура, гравура, фотографија и илустрација. Во Карусел салите под Стаклената пирамида на Лувр беа изложени 350 слики од исто толку автори од сите континенти, 50 скулптури, како и околу двесте фотографии, гравури и илистрации, вели Кашавелски.


