Претседателот на Демократската Унија за интеграција, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на свеченото отварање на новата спортска сала во с. Липково, изградена во склоп на ООУ “Дитурија”.
Придружуван од своите сопартијци и актуелниот Министер за образование, Абдулаќим Адеми, Ахмети пред граѓание истакна дека Владата ќе продолжи со имплементација на проекти во општините со албанско население, како и со изградби на нови сали кои ќе донесат подобра иднина на децата, пренесува Љајм прес.
Пуштањето на новата спортска сала е дел од изборните ветувања на ВМРО ДПМНЕ за периодот 2014 – 2018. Пред извесен период, спортска сала за учениците беше пуштена и во с. Слупчане.
Вчерашната посета на Ахмети од друга страна беше критикувана од Ќахил Реџепи, брат на Џемал Реџепи – ака Командант Шќипоња, кој на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, запраша што бара Ахмети во Липково, пренесуваат порталите на албански јазик.
Џемал Реџепи, познат како Командант Шќипоња беше убиен во Куманово пред извесно време кога поради превласт во партијата беше застрелан во партиското седиште лоцирано во нас. Бедиње.