Африканска земја ги забрани детските бракови. Тешки казни за младоженците

Сподели со своите пријатели

Државата Сиера Леоне официјално ги забрани детските бракови, а претседателот Јулиус Маада Био потпиша закон со кој се укинува сè уште распространетата практика.

Loading...

Поддржувачите на новиот закон се надеваат дека тој подобро ќе ги заштити девојчињата во Сиера Леоне, од кои околу една третина стапуваат во брак пред да наполнат 18 години, со што се зголемува смртноста на мајките поради физичките ризици со кои се соочуваат во бременоста, соопшти Министерството за здравство.

Според законот, секој маж кој ќе се ожени со девојка помлада од 18 години може да се соочи со најмалку 15 години затвор и парична казна од околу 4.000 долари.

Родителите или оние кои присуствуваат на такви свадбени церемонии, исто така, може да се соочат со парични казни.

„Се отвора патот кон другите земји“

Американската канцеларија за африкански прашања го поздрави усвојувањето на законот како „важна пресвртница (која) не само што ги штити девојчињата, туку промовира силна заштита на човековите права“.

Западна и Централна Африка имаат највисока преваленца на детски бракови во светот и е дом на речиси 60 милиони деца-невести, според УНИЦЕФ.

21-годишната поранешна невеста од Сиера Леоне, која сакала да остане анонимна, изјави за Ројтерс дека била принудена да се омажи на 14-годишна возраст и размислувала да оди на суд бидејќи новиот закон ќе ѝ дозволи да поднесе барање за поништување.

Законот треба да го „скрши циклусот на раните бракови и неговите погубни последици“, вели истражувачот на Хјуман рајтс воч, Бети Кабари.

Loading...

„Тоа исто така го отвора патот за другите африкански земји, како што се Танзанија и Замбија, да ги укинат законите што дозволуваат детски бракови.