Адмирал на НАТО: Војна може да избие во секој момент. Заврши ерата на мирот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги повика јавниот и приватниот сектор на Запад да се подготват за ера во која сè може да се случи во секое време, вклучително и војна.

Loading...

„Потребна ни е трансформација на НАТО за време на војна“, рече холандскиот адмирал на отворањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Тој нагласи дека владите и компаниите од таа алијанса живееле во време кога сè било во изобилство, се било предвидливо и можело да се контролира.

„Членките на НАТО мора да се прилагодат од руската инвазија во 2022 година на ера во која сè може да се случи во секое време, ера во која мора да го очекуваме неочекуваното, во која мора да се фокусираме на ефикасноста за да бидеме вистински ефективни“, рече Бауер.

Адмиралот зборуваше во време кога воената помош за Украина од САД и Европската унија е или блокирана или забавена поради политички спорови.

Тој вети дека помошта на НАТО за Украина ќе продолжи.

„Украина ќе ја има нашата поддршка секој нареден ден, бидејќи резултатите од оваа војна ќе ја одлучат судбината на светот“, рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го предупреди Западот да не се двоуми да му помогне на Киев, бидејќи тоа може да ја продолжи војната со години.

Loading...