Абхазија: Не планираме да се приклучиме на Русија

Сподели со своите пријатели

Абхазија, како регион кој прогласи независност од Грузија, не планира да се приклучи на Русија, соопштија денеска локалните власти, откако блискиот регион Јужна Осетија објави дека ќе преземе активности за да го реализира тоа.

Loading...

– Русија е наш стратешки партнер, драга и блиска земја, но ние во републиката (Абхазија) немаме намера да се приклучиме на Руската Федерација – изјави за Интерфакс претседателот на парламентот Валериј Кварчија, пренесува Ројтерс.

 

Издадени низа совети за украинските војници: Оставете го мобилниот дома

 

Друг абхазиски функционер, секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шамба, рече дека регионот ги поддржува аспирациите на Јужна Осетија, но не ја дели нејзината цел за приклучување кон Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Јужна Осетија планира да одржи референдум за приклучување кон Русија по регионалните избори закажани за 10 април.

Официјална Москва ги призна и Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по руската војна со Грузија во 2008 година.

Loading...