Јагодите се идеални за комбинирање со ладен крем од лимон.
Потребни состојки:
– 500гр. Јагоди
– 2 кесички ванилин шеќер
– 4 жолтки
– 150мл бело вино
– 2 лажици рендана кора од лимон
– 3 лажици сок од лимон
– 100гр шеќер
– 200мл слатка павлака
– малку суво грозје (по желба)
– лист свежо нане или маточина
Подготовка:
Јагодите измијте ги, добро исушете, па крупно исечкајте. Ставете ванилин шеќер и внимателно измешајте ги јагодите.
На пареа изматете ги жолтките со вино, кора од лимон и сокот. Додадете шеќер и тргнете ја смесата од пареа. Матете и понатему, се додека кремот не се разлади. Изматете слатка павлака и измешајте ја во кремот. Доколку сакате можете да додадете суво грозје.
Во срединат ана секоја чаша ставете по малку крем од лимон, па наоколу распоредете ги исечканите јагоди. Декорирајте со листови свежо нане или маточина.