Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветр и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Индексот на УВ зрачењето ќе изнесува 8.
И утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.