Седумте древни светски чуда повторно се достапни за посетителите благодарение на дигиталната реконструкција па е можно повторно да се видат и доживеат онакви какви што биле некогаш.
Само едно од седумте светски чуда преживеало до денес додека останатите се изгубени во текот на бројните војни, промени на цивилизации и природни катастрофи.
Посетата е овозможена за Големата пирамида во Гиза, статуата на Родос и статуата на Зевс на Олимп. Репликите се направени токму како што биле оргиналните благодарение на напорите на компанијата „Budget Direct“.
Статуа на Родос
Во пристаништето Родос се издигала импозантна статуа висока 32 метри. Била посветена на грчкиот бог на Сонцето Хелиос, кој ги поздравувал патницит екои доаѓале од море и копно. Мермерните плочи поставени од двете страни на марината дозволувале бродовите да минат низ неговите нозе и да влезат во пристнаиштето. Силен земјотрес довел до падот на статуата која успеала да преживее еден век од издигнувањето во 282 година пред новата ера.
Големата пирамида во Гиза
Една од реликвиите на древниот свет која го преживеала забот на времето се наоѓа во Египет и се уште е една од најпосетените туристички атракции во светот. Проектот на кој се работело цели 20 години се уште ги има скоро сите големи блокови вградени во неа, од кои секој од овие 2,5 тони тешки камени плочи е довлечена на местото благодарение на работата на робовите. Градена е за да биде вечен дом на египетскиот фараон Куфуа. Била прекриена со бел сјаен камен кој со време исчезнал.
Големите градини на Вавилон
Овие градини можеби постоеле, а можеби и не. Историчарите со години се конфронтираат околу тоа дали тие постоеле. Според легендата, градините постоеле некаде во Вавилон околу 80 километри јужно од Багдад. Се верува дека се направени 600 години пред Христос и дека имале 20 метри високи балкони. Ако постоеле биле уништени по освојувањето од страна на Ачеменидската империја.
Статуата на Зевс во Олимп
Олимпија изградила статуа на владетелот на сите богови за да ги надмине супарниците во Атина. 14 метри високата статуа од злато и железо поставена е на дрвен трон. Уништена е во 426 година по пожарот во Константинопол.
Светилник во Александрија
Тоа била комплексна градба која била направена за да ја покаже силата на интелектуалниот центар. Уништена е во разорен земјотрес. Мамлук султан изградил тврдина на местото на рушевините.
Мавзолејот на Халиканасус
Гробницата е изградена за мавзолејот на владетелот Карие. Градбата била толку импозантна што кралското име започнало да се користи за слични градби. Структурата била мешавина од грчка, блискоисточна и египетска структурна градба. Изградена е 350 години пред наша ера на местото на модерна Турција, а уништена во земјотрес во 13 век.
Храмот на Артемида
Артемида е грчка божица на ловот, дивите животни, шуми и плодноста, а нејзиниот храм е подиган и уништуван три пати. Првин го уништил Херостратус кој го запалил за да стане познат. Потоа дошле Готите, а банда Христијани го разорила во 401 година оставајќи само темели и еден единствен столб кој и денес може да се види.