Пејсажот на пустината Такламакан во Кина зигледа токму како што замислуваме една пистина: песок кој прекрива неограничени пространства во сите насоки, а ветерот го разнесува насекаде околу. Песочните дини со пирамидална форма надминуваат и 300 метри височина.
Кога силните урагански ветрови достигнуваат своја полна сила, песочната завеса достигнува скоро километар височина. За каков простор станува збор најдобро кажува фактот дека името Такламакан потекнува од турскиот израз кој се преведува како „Влези и никогаш повеќе нема да излезеш“.
Древниот пат на свилата
Најважната трговска сообраќаница на стариот свет минувала со работ на оваа сурова пустина. Патувајќи од Кина до Левант оазата во Тулуфан и Кажгар претставувал спас за изморените тровски каравани.
Оазата Тулуфан сместена е на источниот дел на пустината во внатрешноста на големото камено плато и една е од најнеобичните оази кои постојат. Со надморска височина од преку 150 метри под нивото на морето спаѓа во една од најтоплите населени места на планетата.
Сепак, дињи и грозјето кои тука успешно се раѓаат веќе со векови ги освежуваат патниците намерници. Водата до оазата пристигна директно од Рајските планини Тјен Шан, а во градот доаѓа со посебно дизајниран систем на канали под името „карез“ кои ги измислиле древните Персијци, пренесува cdm.me.
Славно минато
Пред бродскиот сообраќај да го земе приматот на стокова размена (од 15 век), стоката се транспортирала со каравани камили преку цела Азија до Европа. Дури и по процватот на морскиот сообраќај со векови Патот на свилата го задржал своето големо значење. Тоа бил пат долг 6.400 километри кои минувал низ најсуровите предели.
На 16км од денешниот Тулуфан се наоѓаат остатоци од населеба која постоела околу 200 години пред новата ера, позната под името Џахеа. Ова население било дел од кралство кое имало и индиски и персиски елементи и кои со Гоачанг со векови претсавувале клучна станица на пребогатиот Пат на свилата.
И ден денес пустината сместена среде Азија во западниот дел на Кина позната е по две работи како една од најголемите и најтипични песочни пустини во светот и како клучен дел од историски исклучителноз начаен трговски Пат на свилата, по кој се мешале не само економски, туку и културни и етнички карактеристики кои се од исклучително одалечени предели на светот.
Посетителите на овие предели многу се ретки и тоа претежно се големи вљубеници во историјата и авантуристи кои скаат да ја почувствуваат природата на нашата планета на поинаков и директен начин. Ако нешто од тоа ви е привлечно Такламакан е како создадена за вас.
ФОТО: Wikipedia/ Pravit