Шест месеци годишно сонцето не доаѓа во Рјукан и поради тоа е еден од најтемните градови во светот.
До градот Рјукан од Осло се пристигнува со лет од два и пол часа. Се до 2013 година, жителите на овој норвешки град половина од годината ја минувале во темница.
Рјукан се наоѓа помеѓу високи планини, а бидејќи сонцето е ниско во зима, градот е во целосна сенка.
Проблемот е решен во 2013 година кога е поставен систем од огледала за да се рефлектира сонцето.
Факти за Рјукан:
Градот има 3.386 жители.
Погледнете како сонцето сјае, но Рјукан е во сенка.
Планината Гаустатопен која се наоѓа покрај градот е висока 1.828 метри.
Шест месеци годишно сонцето не доаѓа во Рјукан и поради тоа е еден од најтемните градови во светот.
Индустријата е развиена.
Има мрежа од железнички линии.
Во лето градот е убав и сончев.
Во зима има многу снег и мраз.
Во Рјукан во 1928 година е изградена првата жичара во Северна Европа, за да работниците од градските фабрики можат да се искачат на Хардангервид, најголемиот национален парк во Норвешка, за да го почуствуваат сонцето.
Спасот пристигнал во 2013 година.
Системот го осмислил Мартин Андерсен кој живеел во градот каде му здосадило во зимата да оди некаде за да го почуствува сонцето.
Механизмот се состои од 17 квадратни метри огледала, соларни панели и специјални сензори кои го следат сонцето во текот на денот и го рефлектираат во централниот дел од градот.
Изградбата на проектот чинела 825.000 евра.