Голем пожар вчеравечера изби на сплитски марјан. Огнот пламна над Прва вода. На терен интервенираат 40 пожарникари со 12 возила, а нешто по 20 часот пожар избувнал и на Брач.
Силната бура им ја отежнува работата на пожарникарите, а полицијата не дозволува никој да ги премине рампите на врвот на Марјан.
Помал пожар вечерва избувнал и на Лозовац во Шибеник.
Околу 20:15 часот пожар избувнал и на сотровот Брач. Како што изјави за Далмација денес, претседателот на Доброволното противпожарно друштво Селца, Тино Штамбук, изгореле над 2.500 квадратни метри трева и ниско растение. На терен се 17 пожарникари со четири возила и се очекува пожарот наскоро да биде локализиран.