Што се однесува до рефенредумот, јас не сакам да се мешав во внатрешните работи на други земји, тоа е ваше право, рече претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање при денешната средба со премиерот на Македонија Зоран Заев на граничниот премин Табановце – Прешево.
– Не сакам да се мешаме во внатрешните работи на други земји, но секогаш позитивно ќе реагираме ако нашите пријатели и соседи се договараат и ги решаваат проблемите, тоа се работи против кои никогаш нема да имаме нешто против. Дали ние се радуваме или сме задоволни што Скопје и Атина ќе го решат проблемот, секако дека тоа е добра вест и за Белград и за Србија, рече Вучиќ.
На прашањето дали ќе ги повика граѓаните од српската заедница во Македонија да излезат на референдумот во септември, Вучиќ рече дека тоа би било не фер и директно мешање во внатрешноста на државата.
– Мислам дека се што допринесува на регионалната стабилност, а решавање на конфликтите помеѓу Скопје и Атина, секако допринесува за регионална стабилност и е од значење за целиот регион и уверен сум дека луѓето тоа ќе го поздрават, рече Вучиќ.
Македонија пак поддржува позитивно решение за Косово, рече Заев и додаде дека секое решение кое ќе ја унапреди благосостојбата на сите и ќе гарантира безбедност, мир и просперитет на целиот регион е значајна.
– Сите лидери да бидат обединети околу заеднички цели, а тоа е траен мир, економска соработка и членство во Европската унија, рече Заев.