Веќе шест месеци сум мртов човек, вели Ѓорѓе Милошевиќ од Нови Сад, кој за мртов „е прогласен“ на 19. јануари годинава. Самиот за тоа дознал кога отишол во полиција да го регистрира автомобилот.
– Матичниот број не се поклопуваше во полицијата кога отидов да го регистрирам автомобилот, рекол 79-годишниот Србин запрашан како се започнало.
Имено, кога на 26. јули ангажирал агенција за регистрација во негово име да ја заврши работата, дознал дека не можат да го направат тоа, затоа што во полиција им рекле дека Милошевиќ е покоен.
„ВОСКРЕСНАЛ“ ПРЕД ПОГРЕБОТ: Роднините му подготвиле гроб, а тој се појавил жив (видео)
Во матичната служба, раскажува Милошевиќ, а во разговор со вработените, дознал дека по грешка е запишан во книгата на починати врз основа на потврда за смрт од Клиничкиот центар Војводина.
– Така од јануари сум официјално мртов, а дури во јули дознав, раскажал вознемирениот Милошевиќ.
Не може да оди на лекар, да погидне лекови, под стрес е поради сето тоа, а нарушено му е и здравјето.
Вели дека извадил извод од матичната книга на умрени и дека во изводот стојат сите негови податоци.
НЕЗАПАМЕТЕНО ЧУДО: Бебе оживеало по 15 часа минати во мртовечница