Нов, многу опасен вид на дрога, пристигна во Србија од Кина. Меѓу младите е популарна затоа што има продолжено дејство. Нејзините ефекти траат и до осум часа. Во претходните десет дена тројца динејџери починале од предозирање, јавуваат спрските медиуми.
Розовата таблета, нов вид екстази „редбул“ пет пати е посилна од вообичаената. Се претпоставува дека оваа дрога пристигнала од Кина, а една доза може да предизвика кома, а потоа и смрт.
– Во себе содржи исклучително големи количини од стандардната екстази која за жал со години илегално се наоѓа на пазарот, вели Јанко Самарџиќ, клинички фармаколог.
Loading...